Осогово бара нов тренер: Георгиев поднесе оставка поради слаби резултати!

Македонскиот второлигаш Осогово од денеска е во потрага по нов кормилар на овој клуб, откако досегашниот прв стратег Кирчо Георгиев си поднесе оставка после серијата слаби резултати.

Осогово загуби вчера од Слога Виница со 0-3 и тоа беше трет пораз во низа, откако кочанци загубија и од Брегалница дома со 1-3, како и од Тиквеш во Кавадарци со ист резултат. После оваа серија Георгиев ја презема одговорноста и се повлече од клупата.

„Јас како досегашен тренер на ГФК Осогово ја преземам одговорноста за досегашните резултати. Поднеснесувам оставка од позицијата шеф на стручен штаб. Благодарност до фудбалерите, управата, навивачите за досегашната поддршка. Од морални причини, овој потег е неизбежен, а на клубот кој ми е при срце и душа му посакаувам се најдобро и многу успех во продолжение од сезоната“, објави Георигиев.

Осогово најави дека во следните денови ќе биде назначен нов кормилар, кој ќе треба да го крене тимот после лошата серија, поради која кочанци се трети одзади со 13 бода, исто колку и прилепска Победа.

❌Кирчо Горгиев повеќе не е тренер на ГФК Осогово 🗣„Јас како досегашен тренер на ГФК Осогово ја преземам одговорноста за...

Posted by GFK Osogovo on Sunday, November 29, 2020