Османи: Не смееме да ја пропуштиме оваа разлика од осум бода!

Есенскиот лидер Шкендија ремизираше со првакот Вардар денеска на дербито во Тетово (1-1) по што ја задржа предноста од осум бодови на табелата, а тренерот на тетовските црвено-црни Ќатип Османи изјави дека очекува оваа предност да ја задржи неговиот тим до крајот на сезоната.

Шкендија во 85-та минута преку Бесарт Ибраими успеа да стигне до бод, откако Вардар на 12 минути пред крајот поведе преку Бобан Грнчаров, па тетовци со бодот останаа први фаворити за шампионската круна, за разлика од вардарци кои ќе мора да чекаат помош од другите прволигашки ривали за да се стопи предноста на ривалот.

„Останува разликата од осум бодови на табелата и оваа разлика е солидна, која ние треба да ја задржиме и оваа разлика не треба ја пропуштиме до крајот на сезоната. Оптимисти сме дека до крајот ќе останеме на првото место“, рече Ќатип Османи, треерот на Шкендија по мечот