Нигериецот Еменике на проба во Академија Пандев, па даде гол за победа во Анталија

Нигериецот Еменике ѝ донесе победа на Академија Пандев денеска на контролниот меч со српска Спартак Суботица, кој струмичани го добија со 2-1 во тетс мечот во Анталија, откако го постигна вториот гол на мечот.

Нигериецот веќе неколку дена е на проба кај пандевци, па струмичани допрва ќе решаваат дали е квалитет за да го задржат, но денеска беше еден од главните фактори за триумфот, кој го најави Марио Крстовски со гол по лоб ударот на Сашко Пандев. Еменике ќе остане со пандевци до крајот на подготовките, па низ останатите пријателски мечеви ќе треба да се избори за потпис.

Академија Пандев во мечот тргна со Чубраковиќ, Јованов, Цикарски, Гранчов, Костов, Томовски, Стоилов, Танушев, Миловановиќ, Дориев, Мујеци. Во вториот дел играа и Илиев, Темелков, Глигоров, Пандев, Велиновски, Еменике, Николов, Крстовски, Димов.

Следната контролка е во сабота против екипата на Септември Софија од Бугарија.