Наумов и Ѓорѓиев постигнаа по два гола, Брегалница со „петарда“ за Питу Гули

Брегалница одигра доминантен меч и славеше убедливо против Питу Гули (5-0) во 12. коло од македонската Втора лига - Исток.

Екипата од Штип уште во третата минута стигна до водство од пенал преку Иван Настевски, а подоцна Пепи Ѓорѓиев стрелаше за 2-0 и 3-0 во 27 и 59. минута.

Брегалница тука не застана, па уште два погодоци постигна Ристе Наумов, кој стрелаше во 73 и 89. минута за конечни 5-0.

Беласица е првопласирана на табелата со 28 бодови, а потоа следи Брегалница со 27, Кожув има 26, додека Тиквеш и Кит Го по 24 бодови.