Најталентираната селекција со сите сили ќе тргне кон пласман на Евро 2018

Најталентираната македонска репрезентација, таа до 19 години со сите сили ќе тргне кон пласман на Европското првенство во Финска на лето, откако денеска селекторот Вујадин Станојковиќ го објави списокот од 21 фудбалер на кои смета за елитните квалификации што ќе се играат во Скопје.

Македонија е во група со Англија, Унгарија и со Летонија, а од 21 до 27 март низ три меча, црвено-жолтите ќе бараат шамса за да направат историски подвиг и да го освојат првото место во групата, како што беше случајот лани во првата фаза од квалификациите и со тоа да се најдат на континенталниот собир на младите ѕвезди до 19 години.

Станојковиќ за овие елитни квалификации ги повика сите расположливи сили, а селекцијата нормално ќе ја предводат Елиф Елмас од Фенербахче, Дарко Чурлинов од Келн, Димитар Митровски од Спортинг Лисабон, како и Јани Атанасов (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Татран Прешов), Марко Ферукоски (Офенбах), Енис Фазлагиќ...

Македонија во првата фаза од квалификациите беше убедливо прва победувајќи ги фаворизираните Белгија и Швајцарија со по 2-1, а неодамна против домаќинот на ЕП, Финска без најдобрите Елмас, Чурлинов и Митровски победија со 5-0 на генералната проба пред овие елитни квалификации.

Првиот меч нашата селекција ќе го има против Летонија на 21 март од 14 часот, три дена подоцна ќе играме со Унгарија, а последниот меч, кој можеби и ќе решава за пласман на ЕП е против Англија на 27 март.