Најефикасниот фудбалер во историјата на Првата лига ја заврши кариерата!

Најефиканскиот македонски фудбалер во Првата лига, Баже Илијоски реши да стави крај на фудбалската кариера, откако попладнево објави дека заминува од професионалните фудбалски води, завршувајќи ја кариерата во својот матичен Работнички.

Илијоски на 34 години ја завршува кариерата во која дури во шест наврати играше за Работнички, беше дел и од Металург, Пелистер и Шкупи, а во странство играше за Инчон, Гангвон (Јужна Кореја), Брашов, Рапид Букурешт (Романија), Гифу (Јапонија), Бангкок глас и Келантан (Тајланд).

Илијоски е најдобар стрелец во македонската Прва лига со 146 голови во кариерата во Првата лига, која ја започна уште пред повеќе од деценија ипол во дебармаалскиот клуб. Одигра 13 меча и за најсилната македонска репрезентација. Пред две години успеа да го надмине рекордот на Зоран Бошковски – Чоко од 123 голови во кариерата.

„Време е да им отстапиме место на помладите и желни за успех. Благодарност до сите што беа со мене во текот на целата кариера, од соиграчи, тренери, судии, новинари...Благодарност до сите клубови што ми дадоа шанса, а посебна благодарност до мојот Работнички, кој ме научи како се живее за успеси и фудбал“, напиша Илијоски.