Милан Илиевски е нов тренер на Работнички

Работнички нема најдобар старт на сезоната, па по седум одиграни меча се наѓа на деветтото место со седум освоени бодови, а тоа предизвика смена на тренерската позиција, па сега на кормилото на клубот седна Милан Илиевски.

Илиевски од утре ќе го преземе жешкото столче, а помошник ќе му биде Баже Илијоски, додека во стручниот штаб ќе бидат и Теодор Терзиев како кондициски тренер и Филип Ивановски кој ќе работи со голманите.

Македонскиот тренер беше дел од стручниот штаб на Игор Ангеловски во репрезентацијата на Македонија, која обезбеди пласман на ЕП 2020.

Работнички во следното коло игра против Брегалница во Штип.