Меси ли е, Фелипе ли е? Бразилецот погоди во голот со рабона од невозможна позиција (ВИДЕО)

Бразилецот Фелипе, актуелниот член на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар многупати досега покажувал дека е фудбалски велемајстор, со многуте атрактивни голови и асистенции во дресот на црвено-црните.

Дека е неверојатен техничар, Фелипе покажа и на тренингот со црвено-црните па објави потег кој остава без здив. Ја зема топката, жолглираше, правеше чуда со неа, за на крај со рабона од невозможна позиција да погоди во мрежата.

Потегот тешко и се опишува, вреди да се погледне неколкупати.