Македонија ЃП претрпе убедлив пораз од украинска Олександрија

По ремито без голови против полски Погон, поранешниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров загуби на вториот пријателски натпревар против украинска Олександрија со убедливи 5-0, меч кој се одигра во Анталија.

„Лавовите“ успеаја да ја сочуваат мрежата се до 13. минута кога погоди Роман Вантук, но противникот притисна во вториот дел кога врпочем го демилораше минатогодишниот финалист во Купот на Македонија. Прво во 55. минута погоди Васил Хрицук, а потоа два пати во листата на стрелците се запиша и Дмитро Шастал. На крајот Василиј Грицук погоди во судиското продолжение за 5-0. 

Тимот од Ѓорче Петров има шанси да ја поправи сликата од овој натпревар за четири дена, на натпреварот со Черно Море, исто така во рамки на подготвителниот период пред почетокот на втората полусезона во Првата лига. Потоа следуваат уште неколку натпревари кои исто така ќе се одиграат во Анталија, а меѓу нив ќе ги одмерат силите и против украинскиот гигант Шахтер Донецк, меч кој е предвиден за на 5 јануари.