Македонија ЃП одби да игра во вечерен термин во Штип!

Македонскиот прволигаш, екипата на Македонија ЃП, излезе со соопштение дека нема да прифати да игра во вечерен термин кога е во прашање осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија.

Инаку, „лавовите“ за место во четвртфиналето ќе играат против тимот на Брегалница, а првиот меч ќе се одигра во Штип.

Соопштението ви го испраќаме во целост:

Осминафинале на Купот на Македонија

МАКЕДОНИЈА ЃП НЕ ПРИФАТИ НОЌЕН НАТПРЕВАР ВО ШТИП!

На 25 септември на Градскиот стадион во Штип ќе се одигра првата средба од осминафиналето на фудбалскиот куп на Македонија меѓу Брегалница и Македонија ЃП,второпласирана екипа во Првата лига и лански финалист на Купот. и учесник во Лигата на Европа..

Брегалница сакаше и оваа средба, како и другите кои се играат во Штип, да се одигра во вечернита часови.. Синоќа, средбата во Штип меѓу Брегалница и Тиквеш ја следеле првите луѓе на Македонмија ЃП. Денеска екипата од Ѓорче Петров ја информира Брегалница, без да ги каже аргументите за тоа, дека не прифаќа ноќен натпревар во Штип. Тоа значи дека средбата на 25 септември, во среда во Штип ќе се одигра во 15,30 часот.. Реваншот е на 30 октомври во ЃП.