Македонија Ѓорче Петров се засили со младински репрезентативец на Црна Гора

Македонија Ѓорче Петров го доби првото летно засилување. Се работи за црногорскиот стопер Балша Бановиќ (23). 

Тој доаѓа од таборот на Дедиќ Тузи, а претходно го има носено дресот на Будуќност и ОФК Титоград. Има настапувано за младинските репрезентации на Црна Гора до 17, до 19 и до 21 година. 

Бановиќ треба да ја засили дефанзивната линија на „лавовите“ за следната сезона во која тимот од скопската населба Ѓорче Петров повторно ќе се обиде да го нападне врвот на табелата и да обезбеди излез во европските купови.

Во таборот на Македонија Ѓорче Петров се враќа и младиот Филип Костовски, кој изминатата сезона беше на позајмица во Тиквеш.