Македонија е 46-ти најголем извозник на фудбалери во светот (ФОТО)

Иако сме далеку од светскиот фудбалски крем, Македонија се најде на 46-то место на светски извозници на фудбалери, објави опсерваторијата за фудбалски истражувања (ЦИЕС).

Македонија се најде на 46-то место на „извесени“ фудбалери низ светот со вкупно 74 играчи од земјава, кои играат во странство, додека на листата на најголеми увозници земјава ја нема воопшто на листата.

ЦИЕС направи анализа на фудбалскиот пазар во 147 лиги во 98 земји од светот, а дури две третини од извозот на фудбалери доаѓа од Европа, но најголеми извозници се Бразилците со 1.300 фудбалери кои играат надвор од најфудбалската земја на светот. Зад „кариоките“ е Франција со 867 извезени фудбалери, следи Аргентина со 820, а четврта е Србија со 458 фудбалери. Во топ десет се и Англија со 431, Шпанија со 427, Германија со 394, Колумбија со 382, Хрватска со 374 и Нигерија со 361.

Кај најголемите увозници на фудбалери прва е Англија со 728 играчи, пред Италија со 636, САД со 575, Шпанија со 516, Португалија со 508, Турција со 455. Кога станува збор за увозот, по клуб најмногу ги има во кипарската лига (17,5), пред италијанската Серија А (16,1), португалската Прва лига (16), турската Суперлига (15,7), белгиската лига (15,4) и англиската Премиерлига (15,2).