Македонија доби уште еден „корона-фри“ фудбалски тим!

Македонскиот прволигаш Работнички објави на нивниот веб-сајт дека го завршиле тестирањето за коронавирус и сите тестови биле негативни, по што фудбалерите ќе се вратат на тренинг.

Работнички објави дека фудбалерите ќе ги продолжат активностите со почитување на сите мерки и протоколи, што значи дека ќе тренираат во помали групи.

Исто така, се очекува во екипата да се вратат тренерот Ратко Достанќ и Драшко Горѓевиќ , кои се вратиле во нивната татковина поради пандемијата со Ковид-19.

Претходно негативни тестови на вирусот имаа Македонија ЃП, Академија Пандев и Борец.