Лудогорец или Шахтер ја чекаат Шкендија во второ коло во ЛШ

Бугарски Лудогорец или белоруски Шахтер Солигорск се потенцијалните противници на македонскиот шампион Шкендија за второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, ако тетовци успеат да го минат воведното квалификациско коло и словенечка Мура.

Откако вчера Шкендија ја доби Мура за противник во првото коло, денеска во Нион беше извршена ждрепката и за втората рунда, а таму макеоднскиот првак го чека уште потешка задача, зашто Лудогорец, кој е поранешен учесник во групните фази во европските купиви или незгодниот Шахтер Солигорск ќе им бидат противници во второто коло.

Шкендија својата нова евроавантура ја отвора на 6 или 7 јули, а реваншот е на 13 или 14 јули, а веднаш потоа стартува второто коло во квалификациите.