Левандовски и неговата сопруга се хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Напаѓачот на Баерн од Минхен, Роберт Левандовски, одлично го минува своето време во изолација, а за тоа најдобар доказ е последното видео кое на кое може да се забележи како танцува со својата бремена сопруга Ана.

Двојката го искористи своето време за тренинг, па се „пушти“ на танцување, а видеото стана хит на социјалните мрежи.

Иако напаѓачот на Баерн е далеку попопуларен од својата сопруга, мора да се признае дека Ана е феноменална бидејќи танцува бремена, а фановите ширум светот со насмевка го проследија секој нејзин потег.