Лани им направија проблеми: Шкупи и Победа знаат како да ги измачат црвено-црните

Двата најдобри македонски клубови, Вардар и Шкендија денеска (14.30 часот) ќе имаат незгодни противници во 11-то коло во Првата фудбалска лига, кои во минатата сезона им направија проблеми во мечевите од сезоната. Шапмпионот Вардар гостува на Могила кај Победа, а Шкендија е домаќин на чаирски Шкупи.

По поразот од Вардар пред една недела со 2-4, Шкендија низ „иглени уши“ се протна во четвртфиналето на Купот, поради очајното шутирање пенали на Работнички, па сега пред себе имаат предизвик во чаирскиот прволигаш, кој лани им направи еден куп проблеми. Шкендија против Шкупи во минатата сезона не победи ниту еднаш во четири меча. Загубија тетовци во првиот меѓусебен меч на 26 октомври лани со 0-1 и потоа во уште три меѓусебни пресметки – ремизираа (двапати 0-0, еднаш 1-1). Ништо лесно не им беше ниту на првиот меч на Чаир сезонава, затоа што да не беше бомбата на Алими да ги отвори чаирчани, прашање е колкава мака ќе имаа црвено-црните за да стигнат до победа (триумфираа со 3-0). Затоа и за очекување е денеска повторно да наидат на организирана одбрана која ќе им задава многи мака на пеколниот напад.

Шампионот Вардар по дебаклот со 0-6 од Реал Сосиедад ќе треба против Победа да си ја врати загубената самодоверба, па на Могила освен што ќе се соочи со очаен терен, ќе има проблем и против амбициозен ривал желен да го искористи моментот од исцрпеност и пад на самодовербата по поразот од Баскијците за да се радува. Дека Победа не е наивна почувствува и Шкендија, па прилепчани беа динствена кои им земаа бодови на тетовци до дербито со Вардар пред една недела. Дека Победа не е наивна знае и Вардар, затоа што со пресврт загуби во Охрид на гостување со 1-2, што е единствен триумф на прилепчани против најтрофејниот клуб откако се вратија во македонската елита. Во останатите четири меча, триумфираше Вардар од кои двете последни победи се со по 4-0. Последната во Ѓорче беше деби во прволигашкото друштво за Чедомир Јаневски.

Трката за титулата на Вардар и Шкендија повторно е во фокусот, иако на програмата има уште два многу интересни дуели. Работнички со новиот тренер Горан Станковски против Пелистер ќе се обиде да стигне до прва победа со која би го вратила во средина на табелата дебармаалскиот клуб, а во минатата сезона двата тима одиграа исклучително цврсти мечеви со малку голови. Двата тима победија по еднаш како гости со 1-0, а двапати ремизираа 1-1.
Скопје на Железарница е домаќин на Академија Пандев во дуелот на двата прволигаши кои во мај годинава обезбедија статус во елитата, додека Силекс и Ренова во Кратовоќе се соочат во нова битка за бодови и подобар пламсан на табелата по пова коло.

ДВОЈКИ, 11. КОЛО (14.30 ЧАСОТ)

ТЕТОВО: Шкендија – Шкупи (Марјан Ецкоски)

КРАТОВО: Силекс – Ренова (Димитар Мечкаровски)

СКОПЈЕ: Скопје – Академија Пандев (Петар Мантев)

СКОПЈЕ: Работнички – Пелистер (Александар Ставрев)

ПРИЛЕП: Победа – Вардар (Дејан Јакимовски)

ТАБЕЛА:

Шкендија 25 бода, Вардар 19 (-2), Академија Пандев 17 (-1), Силекс 14, Пелистер 12, Шкупи 12, Ренова 10, Победа 9, Работнички 7 (-1), Скопје 5