Кратово никако да види фудбал: И еден сантиметар снег го одложи мечот Силекс – Пелистер

Кратово ниако пролетва да види прволигашки фудбал, откако и вториот закажан дуел во Првата лига, помеѓу Силекс и Пелистер не се одигра, поради ситниот снегот кој падна во овој град на североистокот од земјава, па судијата во консултација со капитените и со делегатот донеле одлука мечот да не се игра.

Силекс и вториот пролетен домашен меч не може да го одигра поради катасторфалната состојба на теренот, откако воведниот пред 11 дена со Скопје исто така беше одложен поради лошите временски услови и големиот дожд кој падна и го поплави теренот во Кратово.

Ова е уште еден доказ дека Македонија има катастрофална инфраструктура и дека и еден сантиметар снег може да направи проблем за дуелот да не се одигра, како што тоа е случај со денешниот дуел на третопласираниот прволигаш со актуелниот освојувач на купот.