Кратовци допрва ќе грмат по судиите: Дали Кировски даде чист гол? (ВИДЕО)

Силекс загуби попладнево во Ѓорче Петров со 0-2 од Македонија ЃП и со тоа ќе игра во баражот за опстанок во Првата лига, но кратовци сериозно ќе имаат замерки на одлуката на судиите во финишот од првиот дел при вториот гол на „лавовите“.

Македонија ЃП до победата стигна во втората половина од првиот дел кога Дејан Тантуровски во 30-та и Хрисијан Кировски во 45-та го обезбедија триумфот, но многу полемика ќе предизвика вториот гол на Кировски со помош на голманот Андреја Ефремов. По ударот на Кировски, Ефремов ја испушти топката која влезе во голот, но ТВ-преносот не покажа дали голот е регуларен, за разлика од експресната реакција на судиите дека топката со цел обем ја минала гол-линијата.

Сега се очекува Силекс допрва да реагира, зашто фудбалерите реагираа дека Ефремов успеал да го спаси голот и да ги остави кратовци во игра барем за бод, а со тоа и во игра за сигурен опстанок. Силекс веќе неколкупати реагираше на судиите во оваа сезона за делењето на неправдата.