Комити ќе навиваат пред „Градски“: Не го оставаме Вардар кога му е најтешко!

Најверната навивачка група на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Комити најавија в сабота дека ќе се соберат и ќе навиваат пред Националната Арена „Тодор Проески“ на стартот од новата сезона, во која црвено-црните го пречекуваат велешки Борец.

Вардар се наоѓа во најтешката криза по цела една деценија кога ги преживуваше најцрните моменти од своето постоење, па најтрофејниот клуб поради беспарицата остана без скоро целиот лански состав и сега скрпи тим за колку толку да ја одигра есенската полусезона.

Поради пандемијата со коронавирус, навивачи на трибини не смее да има, па Комити најавија дека сепак ќе се соберат да навиваат пред стадионот, почитувајќи ги притоа мерките за заштита.

„После скоро шест месечна пауза од навивачки настани започнува новата фудбалска сезона. Која за нас ќе биде една голема борба на два форнта. Лошата ситуација во ФК Вардар и Играњето на натпреварите без публика. Ние не би биле ние ако го оставиме Вардар кога му е најтешко. Нека грми песна комиткса пред градскиот стадион. 16:30 пред влезот на западната трибина! Нагласуваме со почитување на маерките за заштита“, објавија Комити. Вардар со најголем дел младинци во составот, шестмина „староседелци и пет засилувања (Дејан Блажевски, Филип Петковски, Бојан Најденов, Виктор Велковски и Стефан Лазаревиќ) ќе тргнат во новата сезона.

После скоро шест месечна пауза започнува новата фудбалска сезона. Која за нас ќе биде една голема борба на два форнта....

Posted by Komiti Skopje on Thursday, August 6, 2020