Клубовите бараат помош од Владата и ФФМ: Загрозено е нашето функционирање!

Фудбалските клубови од Првата лига на Македонија испратија официјално соопштение до Владата и до Фудбалската федерација на Македонија со кое бараат финансиска помош поради суспензијата на првенството. 

Клубовите наведуваат дека нивното нормално работење е загрозено поради фактот што речиси целото стопанство е во застој, како и целокупниот бизнис сектор поради мерките за претпазливост од коронавирусот. Тие велат дека приходите сега се значително намалени, но расходите остануваат исти, бидејќи клубовите и натаму мораат да ги плаќаат своите фудбалери и останатите вработени во клубовите.

Се повикуваат на мерките што Владата ги определи за помош на стопанството и сакаат да бидат дел од тоа, односно да се најде начин како финансиски да им се помогне и ним. Бараат да бидат субвенционирани исто како и сите останати дејности во приватниот сектор.