Кировски го „избрка“ Алексовски од Вардар!

Доаѓањето на новиот чувар на мрежата на Вардар, Александар Кировски, порашениот младински репрезентативен голман на Србија, кој веќе потпиша двегодишен договор со црвено-црните го избрка Игор Алексовски од таборот на скопските црвено-црни, откако тој денеска спогодбено го раскина договорот со најтрофејниот макеоднски клуб.

Вардар денеска на својата интернет-страница објави дека спогодбено е прекината соработката со Алексовски, бившиот младински репрезентативен голман и член на „златната генерација“ која играше лани на Евро 2017 во Полска. Една година пред истекот на договорот, Алексовски ја прекинува соработката и веќе си замина од кампот на вардарци во Словенија.

Тој во 2016 година дојде во редовите на Вардар од Македонија ЃП и одигра 24 официјални мечеви за црвено-црните, а дебитираше против Динамо Загреб пред две години на „Максимир“ во квалификациите за Лигата на шампионите.

Од поодамна се најавуваше дека Алексовски летово би можел да го засили чаирски Шкупи. Со заминувањето на Алексовски, Вардар за следната сезона ќе ги има Филип Гачевски, Кировски и младиот Филип Илиќ за свои голмани.