Како Хичкок да режираше: Невидената драма со која Шкупи стигна до Европа (ВИДЕО)

Работнички ја имаше визата за Европа во раце, ама ја испушти на самиот крај и наместо дебармаалци, истата ја грабна Шкупи со неверојатната трилер-завршница која започна во последните шест минтути од мечот.

На Шкупи му требаше само победа за да оди во Лига Европа, а по 84-та минута задачата им беше двојно потешка кога Баже Илијоски погоди за водство на „романтичарите“.

И кога сите очекуваа дека Работнички ќе си го завери пласманот, а им играше и реми за таков пласман, на сцена стапи Устабаши. Турчинот, кој дојде како засилување зимава е новиот херој на Чаир. Прво погоди за израмнување на истекот на регуларните 90 минути, а неполни 120 секунди потоа погоди уште еднаш за да изрежира неверојатна трилер-завршница со среќен крај за својот тим.

Како заврши мечот, човек да помисли дека Хичкок го режирал.