ИН МЕМОРИАМ: Почина поранешниот претседател на Победа, Александар Забрчанец

Поранешниот прв човек на фудбалскиот клуб Победа, Александар Забрчанец или попознат како Ацуле почина вчера на 73-годишна возраст.

Под негово водство прилепскиот клуб два пати беше шампион на Првата македонска фудбалска лига и имаше неколку излети во европските купови. Во Победа започна да работи од 1979 година, а од март 1996 беше директор, за подоцна да ја преземе и претседателската функција во клубот.