И во Брегалница сите негативни на Ковид-19

Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) објави нова добра вест, која ни доаѓа од Штип. Сите членови на Брегалница се негативни на Ковид-19, па тие може да ги продолжат подоготвките за полуфиналниот меч во Купот на Македонија.

Брегалница е петти клуб, кој беше тестиран на Ковид-19, а претходно „корона-фри“ тимови беа Работнички, Македонија ЃП, Академија Пандев и Борец.

Во моментов се прават тестови и во Тетово, односно на членовите на Ренова и Шкендија, а резултатите се очекуваат наскоро.