„Гипсарот“ Кадриу на чекор до потпис за Шкендија?

Доскорешниот фудбалер на тетовска Ренова, Флоријан Кадриу ќе го засили градскиот ривал на „гипсарите“ Шкендија, најавија албански меидуми во земјава, потенцирајќи дека офанзивниот фудбалер е пред потпис и официјализација на трансферот.

Кадриу пред четири дена си замина од Ренова откако не ја продолжи соработката со овој клуб, каде играше во изминативе две години и сега како слободен играч ќе се пресели во тетовските црвено-црни кои биле сериозно заинтересирани за него.

Кичевецот во Ренова играше од јануари 2018 година, а претходно беше дел од Работнички и Шкупи, а е дете на Влазерими и има интернационално искуство во соседна Албанија, каде играше за Тирана и Теута.

Шкендија после прекинатата сезона во која заврши како трета и покрај тоа што беа први фаворити за титулата, прави сериозна реконструкција на тимот, а неколку фудбалери меѓу кои и првата ѕвезда Агим Ибраими си заминаа (уште и репрезентативецот Марјан Радески) меѓу петмината играчи, а засега тетовци ги продолжуваат договорите со најголем дел од фудбалерите во својот ростер.

Во најава е можно заминување на Омер Имери, најталентираниот фудбалер на клубот за кого турски Фенербахче сериозно загриза, па допрва црвено-црните ќе треба да најдат засилувања за новата европска авантура, но за разлика од досега, буџетот им е многу мал во споредба со минатите годии.