Гачевски: Во оваа држава сѐ е можно, но ние сме вистинските шампиони!

Капитенот на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Филип Гачевски посочи дека црвено-црните се вистинските шампиони, откако ФФМ денеска го прекина првенството и скандалозно не прогласи шампион.

Иако Вардар до своцифрена предност пред Силекс беше по 23 рунди и титулата беше многу близу ако се доиграше сезоната, на крајот ФФМ одлучи да не додели шампионски пехар за оваа сезона.

„Момци ние сме шампиони! Дали ќе бидеме официјално или не, ние пак сме – вистински шампиони. За жал во оваа држава сè е можно. ФФМ не не разочарувајте“, објави капитенот на црвено-црните, Филип Гачевски

MOMCI NIE SME SAMPIONI!! DALI KE BIDEME OFICIJALNO ILI NE NIE PAK SME VISTINSKI SAMPIONI! ZA ZAL VO OVAA DRZAVA SVE E MOZNO!!! FFM NE NE RAZOCARUVAJTE! ?¬レᆱ️?

Posted by Gača Gača on Thursday, June 4, 2020