Гачевски погоден во глава - тргна да се пресмета со „Балисти“ (ВИДЕО)

Во завршницата на мечот меѓу Шкендија и Вардар се случи инцидент кога голманот на скопскиот гигант Филип Гачевски се пожали дека бил погоден во глава.

Гачевски се жалеше на удар во главата, по што легна на тревникот, а кратко потоа стана и тргна да се пресмета со „Балисти“.

Веднаш интервенираше Ибраими кој се скара со Гачевски, но реагираше и обезбедувањето за да спречи посериозен инцидент.