Фудбалските школи бараат итен состанок - неизвесна судбината на 6.000 фудбалерчиња!

Епидемијата која владее низ светот уште од сега остави голем белег во спортот, а тоа на своја кожа се почувствува и во нашата лига, како и во младинските категории.

Најдобар доказ за тоа е денешното соопштение кое го издаоа фудбалските клубови и школи кои работат со млади категории, односно тренерите и останатите лица кои помагаат во клубовите. Тие бараат итен состанок со ФФМ и Агенцијата за млади и спорт се со цел изнаоѓање на решение за неизвесната судбина на 6.000 млади фудбалерчиња.

Соопштението го споделуваме во целост:

Откако стапија во сила мерките на Владата во врска со пандемијата Ковид-19, имаме забрана за вршење на нашата дејност односно спортски тренинзи, која сите до еден од фудбалските клубови доследно ја почитуваме. Тоа директно ги засега тренерите во клубовите затоа што остануваат без работа и без финансиски средства за егзистенција. 

Напоменуваме дека во тренажниот процес се вклучени 6000 фудбалерчиња на возраст од 7 – 15 години, кои што се регистрирани во COMET системот на ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА под капата на УЕФА И ФИФА.

Со цел решавање на настанатата ситуација без наша вина, и изнаоѓање решение, бараме итен состанок ( може и линковски ) на нашите претставници и претставниците на ФФМ и Агенција за млади и спорт. Напоменуваме дека работата со деца во фудбалот и воопшто во спортот е многу хумана и благородна работа, но воедно и многу одговорна, тешка и слабо платена во нормални услови.

Исто така ве известуваме дека секој од нас писмено и електронски веќе има доставено барања до двете институции. Имаме конкретни предлози и критериуми и се надеваме дека ФФМ И Агенцијата за млади и спорт ќе го уважи нашето барање за состанок. Ја поздравуваме македонската фудбалска и спортска јавност, со надеж дека што поскоро ќе се затркала топката на фудбалските терени.

Со почит : ФK Ла Масиа, ФК Академија Постолов – Пандев, ФК Кул Здравје, ФК Њу Старс, ФК ЛГ Спорт, ФК Спорт ефе - Вардар, ФК ОСК Фер плеј, ФК Јанг Тим, ФК Фудбал кидс, ФК Охрид топ тим, ФК Еврофудбал 2, ФК Драчево јуниор, ГФК Неготино, ФК Дрим тим, ФК Нова Колонија, ФК Форца – Вардар, ФК Тиквеш, ФК Звезда 2015, ФК Рудар јуниор, ФК Професионал, ФК Фц Копенхаген, ФК Виктори 2017, ФК Олимпик Старс, ФК Карев, ФК Академија Младост – Тошев, ФК Кичево, ЖФК Атлетико, ФК Фудбал Старс, ФК Форца, ФК Форца – Штип, ФК Ускана, ФК Талент, ФК Глас Оризара – 2017, ФК Академија Нацев, ФК Каменица – САСА, ФК Лепенец, ФК Тони, ФК Борец Јуниор, ФК Еуро спорт, ФК Арсими, ФК Мал Ајакс, ФК Фит Кид, ФК Топ Гол