Филипче кажа лоши вести за спортистите во Македонија! (ВИДЕО)

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, конечно се осврна и на спортот и на спортистите, меѓутоа повторно не кажа ништо конкретно.

Иако екипните спортови, во прв ред фудбалерите, насушно чекаат датум, насока, што било конкретно што се однесува на нивната професија, повторно изостана иноформација. Дури откако доби новинарско прашање за време на онлајн прес-конференцијата, министерот Венко Филипче се осврна на спортот, давајќи, ако некакви - лоши вести.

„Се размислува да се дозволат прво индивидуалните спортови, но за времето кога и начинот како, дозволете да ве информираме утре по состанокот на владата со кризниот штаб“, рече министерот.

Практично, ова значи дека екипните спортови уште ќе чекаат. Ова во прв ред ги боли фудбалерите, бидејќи останатите спортови полека ги дефинираат одлуките да ја поништат сезоната или да прогласат шампион на маса. Во фудбалот постои притисок од УЕФА да се доврши сезоната, но време за тоа - нема.

Министерот беше прашан и за обложувалниците, како дел од групата објекти кои би можеле да бидат отворени меѓу првите.

„Доколку утрешната бројка е како трендот во последните две недели ќе биде препорачано отворање на институциите постепено. Први ќе бидат авто-школите и сите оние кои можат да обезбедат дистанца и спроведување на мерките. Обложувалниците, ако можат да обезбедат шалтер-систем исто така ќе бидат приоритет“, рече Филипче.

Во Македонија денеска беа регистрирани 14 нови случаи, што покажува дека вчерашната бројка од 33 новозаразени е само изолирана варијација, бидејќи во последните 5-6 дена бројката на нови случаи е константно мала.