ФФМ си закажа Собрание за неполн месец, ама дали ќе има ревидиран буџет – не се знае!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) си го закажа одложеното Собрание на најмоќната спортска организација за неполн месец, за 20 или 27 јуни годинава, објави куќата на фудбалот по денешниот состанок на Управниот одбор на ФФМ.

УО на ФФМ, кој донесе небулозни одлуки околу доигрувањето и проширувањето на Првата лига, во своите одлуки денеска објавени на интернет-сраницата, објави дека ќе се одржи Собранието без конкретни детали, а на дневен ред на истото е усвојување на финансискиот извештај за инатата година, но и буџетот за оваа година.

Сооглед дека буџетот беше проектиран во фаза кога Македонија, а и светот не беа погодени од коронавирусот, сега прашање е дали УО на ФФМ и финансискиот сектор направиле „ребаланс“ на буџетот, зашто предвидените трошоци од март до јуни, особено во делот на репрезентативните обврски се неискористени (немаше никакви активности поради светската криза), па дали тие средства, кои воопшто не се мали ќе бидат пренаменети за други делови.

Сепк, информација од УО на ФФМ засега нема, но има простор за такво нешто на следен состанок до пред одржување на Собранието, иако кус е рокот, од причина што нови материјали за делегатите би требало да бидат изработени во најкус можен рок, а потоа доставени на увид, многу порано од закажаниот термин за одржување на највисокото тело.