ФФМ го суспендира и стадионот на Башкими!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за кратко време изрече и трета суспензија, овојпат на теренот на Башкими.

Откако претходно ФФМ ги суспендираше стадионите на Тиквеш и Вардар Неготино, сега истата судбина го снајде и Башкими.

Причината е нападот врз судиите од страна на домаќините по од Втората фудбалска лига мечот меѓу Башкими и Беласица.

„ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.  Стадионот „БАШКИМИ“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш“, стои во соопштението на ФФМ.