Драма со среќен крај: Фудбалер на Академија Пандев го голтна јазикот, лекарите едвај го спасија!

Академија Пандев го совлада Берое со 2-0 во пријателски натпревар одигран во Банско, Бугарија, но дуелот го одбележа мал инцидент. 

Фудбалерот на струмичани, Диме Димов се судри со еден противнички фудбалер во 13-тата минута по еден корнер и падна во бесознание. Нашиот фудбалер го голтна јазикот и ситуацијата станала многу критична, но благодарение на брзата интервенција на медицинскиот тим спречено е најлошото. 

Натпреварот бил во прекун цели 17 минути, а потоа Димов со амбулатно возило бил пренесен во болница. 

Стрелци на головите за „ландевци“ беа Дориев и Илиев.