Давид Атанаскоски ново име меѓу „лавовите“

Македонија Ѓорче Петров се засили со Давид Атанаскоски од Академија Пандев. 

Левиот бек по три години го нашушти струмичкиот состав и реши кариерата да ја продолжи во редовите на „лавовите“. Фудбалерот кој има 23 години изминатата полусезона одигра 15 натпревари за „пандевци“.

Претходно за скопскиот прволигаш потпиша Мартин Ковачев, како и Филип Петров, што значи дека Атанаскоски е третото зимско засилување за тренерот Наџи Шенсои. Се очекува новиот фудбалер наскоро да пристигне во Анталија и да биде на располагање за пријателските натпревари.