Челниците на ФФМ во самоизолација, Собранието одложено на неодредено време!

Фудбалската федерација на Македонија го одложи редовното годишно Собрание, што требаше да се одржи на 21 март поради целокупната состојба во државата со коронавирусот.

Куќата на фудбалот го одложува Собранието на неодредено време, поради одлуките на Владата за забрана на собири. 

„Фудбалската федерација на Македонија следејќи ги заклучоците, мерките, препораките и забраните на Владата на Република Северна Македонија поврзани со заштита и превенција од коронавирусот SARS-CoV-2, како и прогласувањето на пандемија од страна на Светската здравствена организација, донесе одлука за одложување на Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое беше закажано за 21. март 2020 година“, стои во соопштението на ФФМ.

Челниците на македонскиот фудбал на чело со претседателот Мухамед Сејдини и селекторот Игор Ангеловски се во домашна изолација, откако присуствуваа на Конгресот на УЕФА во Амстердам, каде беше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза и неговиот заменик Марко Пантелиќ, кои имаат коронавирус.