Костариканецот Фреди Алварез со прекрасен гол од слободен удар го спаси Шкупи од пораз во дербито со првакот Шкендија (1-1), за Чаир да остане неосвоива тврдина есенва.

Лидерот Шкупи првпат загуби бодови дома после осум победи во низа, а Алварез ги спаси чаирчани од пораз со гол на две минути пред крајот, откако Шкендија во 70-та минута со гол на Синдрит Гури.

Иако Шкупи не победи, на коло пред крајот на сезоната ја зголемија предноста пред втората Академија Пандев на седум бода, откако струмичани доживеаа тежок пораз од Македонија ЃП со 1-4 со два гола на Арби Воша и по еден на Матеус и Јован Попзлатанов.

Битолски Пелистер и во дербито на дното не успеа да победи, па загуби од Борец Велес со 1-3 и практично можат битолчани да се пакуваат за втора лига.

Работнички конечно ја прекина ужасната серија и победи по четири меча, откако ги даде првите голови по долгиот пост во првата лига и освои важни три бода на гостувањето кај Брегалница.

На Скопје му беше потребен само еден гол во мечот против Струга за да слави, откако на последните пет средби загуби трипати и двапати одигра реми, па така се врати во борбата за опстанок во македонската елита.

ПРВА ЛИГА, 17. КОЛО

Шупи – Шкендија 1-1 (0-0)

Алварез 88 - Гури 70

Македонија ЃП – Академија Пандев 4-1 (2-0)

Матеус Да Силва 19, Воша 42, 50, Попзлатанов 74 – Хаџановиќ 90

Ренова – Тиквеш 1-1 (0-0)

Мустафов 56 – Нгоба 72

Брегалница – Работнички 1-2 (0-0)

Стојанов 65 – Ристовски 56, Тодоровски 60

Пелистер – Борец 1-3 (1-1)

Размоски 25 – Ѓорѓиев 24, 73, Ѓорѓевиќ 59

Скопје – Струга Т.Л 1-0 (0-0)

Кировски 77

ТАБЕЛА: Шкупи 39, Академија Пандев 32, Шкендија 31, Ренова 27, Брегалница 26, Македонија ЃП 24, Струга 23, Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5