Брегалница се спасуваше во Каменица, Тиквеш и Пелистер убедливи, Победа – посрамена!

Поранешниот прволигаш Скопје остана лидер во западната група, а Тиквеш ѝ се придружи на Брегалница на Истокот после денешното четврто коло во двете второлигашки конкуренции.

Скопје со гол на Јаневски во 93-та минута стигна до триумф против Лабуништа во дербито на колото со минимални 1-0, па со 10 бода „пиратите“ се лидери, бод повеќе од Пелистер кој се прошета во Охрид и со петадра го почести домаќинот, додека Гостивар со 2-0 славеше против Кораби и има исто бодовно салдо како битолчани. Борче Маневски и Антонио Бујчевски погодија по еднаш за Пелистер во првиот дел, а во вториот Неданоски со два гола и Љамчевски ги суредија охриѓани.

Беласица со гол на Ристе Наумов на три минути пред крајот се спаси од пораз во Македонска Каменица против Саса (2-2), откако домаќините двапати водеа и не успеаа да го сочуваат водството за комплетно изненадување. Брегалница останува лидер со 10 бода, а Тиквеш сега им се придружи после убедливите 5-0 на кавадарчани против Питу Гули.

Шок доживеа Беласица среде Струмица со поразот од Кожув со 1-2, а прилепска Победа, пак, беше понижена на домашен терен на Могола од Плачковица со 2-5.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД
Охрид – Пелистер 1-5, Скопје – Лабуништа 1-0, Дрита – Кадино 2-0, Влазерими – Вардар Форино 3-2, Гостивар – Кораби 2-0
ТАБЕЛА: Скопје 10, Пелистер 9, Гостивар 9, Дрита 9, Влазерими 7, Лабуништа 7, Кораби 4, Вардари Форино 3, Охрид 0, Кадино 0.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК
Беласица – Кожув 1-2, Победа – Плачковица 2-5, Кит Го – Осогово 1-0, Тиквеш – Питу Гули 5-0, Каменица Саса – Брегалница 2-2
ТАБЕЛА: Брегалница 10, Тиквеш 10, Беласица 9, Кожув 8, Кит Го 5, Плачковица 4, Каменица Саса 4, Победа 3, Питу Гули 3, Осогово 0