Бомбата на Нето која ја израдува Битола, а Пелистер го донесе на чекор до опстанок! (ВИДЕО)

Пелистер успеа да се врати после негатива од два гола во пресметка за опстанокот со Силекс, па на крај дури и победи со голот на Нето, џокерот на Димитар Капинковски, кој во 71-та минута ја искина мрежата со силен удар после противнападот, по што битолчани дојдоа на чекор до опстанокот.

Пелистер со голот за победа сега имаат 35 бода, дури шест на шест кола до крајот на сезоната од зоната за баражи, а осум од претпоследниот Вардар, па под „Тумбе Кафе“ може сега многу помирно и поспокојно да влезат во самата завршница и да го заверат останувањето во елитното друштво, особено што веќе во недела две дербија за опстанок се на програмата, во Струмица каде доаѓа Вардар на мегдан на Академија Пандев и во Тетово каде Ренова го чека Силекс.

Разликата од претпоследниот Вардар до првата над опасните зони Академија Пандев е само три бода.