Бобан Бабунски е новиот тренер на Вардар!

Чедомир Јаневски по нецела сезона го напушта кормилото на Вардар, а неговото место на клупата ќе го преземе Бобан Бабунски.

Поранешниот селектор на младинската репрезентација на Македонија летово пристигна во таборот на „црвено-црните“ и ја извршуваше функцијата директор на Академијата на Вардар.

Јаневски и Вардар треба да ја официјализираат разделбата во текот на денот, а раководството на клубот веднаш потоа треба да го назначи Бабунски за нов тренер. Тој исто како и Јаневски е поранешен фудбалер на „црвено-црните“, кој добро ја познава работата во клубот.