Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица се пофали со новиот изглед на стадионот „Благој Истатов“. 

Клубот ги реновираше просториите под главната трибина, односно ходникот, кој сега доби ултра модерен изглед, како стадионите на големите европски клубови.

Овој стадион изминативе години претрпе доста измени и важи за најдобрата фудбалска арена по „Тодор Проески“ во Скопје. Тука се одржаа неколку финалиња на Купот на Македонија, Вардар играше во квалификациите за Лигата на шампиони против Малме, а македонската репрезентација ја пречека Албанија во рамки на квалификациите за Светското првенство 2018 година.