Академија Пандев за Европа се засили со доскорешен член на Победа

Македонскиот дебитант во Европа, Академија Пандев го промовираше своето прво засилување за летната авантура во квалификациите за Лига Европа, како и за новата прволигашка сезона и тоа Ѓорѓи Танушев.

Танушев во Академија Пандев доаѓа од прилепска Победа, која сезонава испадна од Првата лига, а станува збор за фудбалер, кој е струмичанец и кој беше еден од најзабележителните во очајната сезона на прилеплани. Покрај Танушев во Академија Пандев се враќаат и двајца фудбалери, кои сезонава беа на заем – Кристијан Велиновски (Брегалница) и Емир Скендери (Кожув).

Академија Пандев веќе ги започна подготовките за летната авантура, а главната фаза до почетокот на европските мечеви ќе ја одработат во Словенија. Тимот веќе го напушти Филип Трајановски, младинскиот репрезентативец до 21 година, како и Стојанче Велинов.