Академија Пандев ремизираше без голови, Ренова го здроби Кораби

Екипата на Академија Пандев ремизираше без голови на дуелот против руска Балтика, во рамки на подготвителниот период во Анталија.

Инаку, ова е втор натпревар за тимот од Струмица во рамки на подготовките, отккао пред една недела загубија од бугарски Петрич со 2-0.

„Пандевци“ за време на подготовките во Турција ќе одиграат уште неколку пријателски средби, а следната е за три дена кога ќе ги одмерат силите против Спартак Суботица (Србија). Потоа следуваат и дуел со Септември Софија (Бугарија) на 1. вевруари, Ротор (Русија) на 4. февруари и последната контролка против Алтин Асир (Туркемистан) на 6. февруари ден пред враќањето во Струмица.

За разлика од нив, фудбалерите на Ренова брзо одговорија на поразот од Лабуништа од пред неколку дена и запишаа победа во вториот пријателски натпревар на охридските подготовки против тимот на Кораб со убедливи 5-0. Во текот на целиот меч прволигашот беше подобар противник, доминираше и можеше да постигне и повеќе голови. По двапати мрежата на Кораб ја погодија Селмани и Кадриу, а еднаш погоди Садики. 

Инаку, „Гипсарите“ моментно се на деветтото место во Првата лига со 19 бода.