Академија Пандев ќе учествува на силен турнир за млади фудбалери во Кина

Академија Пандев е тимот кој во изминативе неколку година има најмногу настапи на интернационалниoт турнири од сите македонски тимови на пријателски турнири за млади фудбалери.

Праксата продолжува и сезонава, па како и во 2016 во Гетеборг, летово Академија Пандев ќе гостува на Готиа купот во Кина, каде уќествува ќе земат повеќе од 250 екипи од целиот свет, а нашиот тим доби ВИП покана.

Како и на "оригиналниот" Готиа Куп, клубот Академија Пандев е поканет во ВИП делот со генерацијата фудбалери родени 2002 година и помлади. Тоа значи дека организаторот ги покрива сите трошоци за нашите фудбалери кои ќе имаат можност да се дружат со деца од целиот свет.

Академија Пандев ќе биде првиот македонски клуб во историјата кој ќе настапи на Готиа Куп Кина и сето тоа поради огромните вложувања на нашата фудбалска легенда Горан Пандев и фантастичната работа на координаторот Југослав Тренчевски и неговите помошници.