Тетовци добиваат големо засилувње: Агим Ибраими се враќа во Шкендија

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими се договорил со Шкендија за да го засили макеоднскиот шампион во овој зимски преоден рок, објавија медиуми на албански јазик, посочувајќи дека левоногото крило и тетовци се договориле за соработка и дека утре ќе биде официјализиран трансферот.

Уште пред повеќе од месец и половина беше најавено дека Ибраими ќе се врати во Шкендија и тоа веќе е се поизвесно, па утре Шкендија ќе треба да го потврди трансферот. Доаѓањето на Ибраими е големо засилување за македонскиот шампион во трката за одбрана на титулата, особено по повредата на Бесарт Ибраими, кој по операцијата на коленото го очекува подолга пауза.

Македонскиот интернационалец претходно беше поврзуван со трансфер во Саудиска Арабија, од каде што интерес покажа Ал Хилал, но очигледно Шкендија ја добила таа битка за неговиот потпис.

Ибраими во кариерата има настапувано во Салцбург, Олимпија Љубљана, Марибор, Астана, Домжале и Калјари.