Во Тетово се освестија откако првото полувреме на Градскиот стадион го одиграа со „невидлива топка“, а вториот дел Шкендија и Академија Пандев играат во понормални услови со црвена топка и со подзачистен терен. Претходно, на големиот снег на теренот, Шкендија и Академија Пандев играа во нехумани услови, а проблем плус беше е и што играат со – нормална топка. 

Звучи неверојатно, ама на никој не му текнало дека при вакви временски услови, се игра со „зимски топки“ во црвена боја, кој освен за добра прегледност на теренот за играчите, се користи и за добра прегледност и за гледачите, барем тие што ги следат ТВ-преносите на интернет-страницата на ФФМ. За вакво нешто беше потребно да помине цело полувреме за ФФМ, судијата, делегатот да се освестат и да сфатат дека не може да се игра како во нормални услови

Шкендија преку Ферхан Хасани промаши пенал по 15 минути игра (погоди дирек), а потоа остана без играч на теренот окако беше исклучен Енис Фазлагиќ за прекршок како последен играч во контрата на струмичани.