Звезда на колена: Партизан со два гола во финишот до победа на „вечното“ дерби (ВИДЕО)

Партизан славеше со 2-0 против Црвена Звезда во 161-то големото српско дерби одиграно во рамки на 9.коло во Суперлигата.

„Црно-белите“ го решија натпреварот во самиот финиш, откако најпрво Сејдуба Сума со „бомба“ погоди за 1-0 во 83-тата минута. Милош Вулиќ заработи исклучување во судиското продолжение кај Црвена Звезда, а Зоран Тошиќ во 93-тата минута погоди за конечни 2-0.