Жута со еврогол од слободен удар ја запечати победата на Риека (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута денеска со неверојатно мајсторски гол од слободен удар ја запечати убедливата победа на Риека против веќе испаднатата Истра (4-0) на отворањето на пролетниот дел во хрватската прва лига.

Жута одамна е пречкртан од селекторот Игор Ангеловски, па тој иако беше стандарден репрезентативец, во последната година воопшто го нема на списокот на репрезентативци, иако Македонија нема преголем избор на леви бекови. И тоа што е поневеројатно, иако е лев бек, Жута денеска покажа дека има извонредна техника и дека знае да погоди од – слободен удар.

Преку живиот ѕид, дефанзивецот на Риека ја погоди мрежата за да покаже дека сè уште има квалитет. Прашање е дали ова го виде селекторот Игор Ангеловски?