Заборавете на Ла Масија, Ајакс, Спортинг – Партизан ја има најдобрата школа во Европа! (ФОТО)

Кога ќе се споменат најдобрите фудбалски школи во Европа, прва асоцијација е Ајакс, „Ла Масија“ во Барселона, школите на Порто и Спортинг Лисабон.... Ама, ниту една од овие според истражувања и статистики вистински не е најдобра, туку верувале или не тоа е – партизановата фудбалска школа.

Центарот за фудбалско истражување ЦИЕС објави најнова анализа за фудбалските школи на Стариот континент и за оваа годјна број еден е школата на белградски Партизан. Од неа во моментов има 75 фудбалери кои играат низ 31 фудбалска лига во Европа. Со три фудбалери помалку, зад Партизан е славниот Ајакс, кој летово заработи 150 милиони евра од два суперталенти (Де Јонг во Барселона и Де Лихт во Јувентус).

Трет на листата е Спортинг Лисабон, клубот каде игра Стефан Ристовски, а чија школа ја минува и младинскиот репрезентативец Димитар Митровски. Лисабонските „лавови“ имаат 63 фудбалери извезено во клубовите во Европа, а еден помалку од нив има украински Динамо Киев.

На листата од најдобри шест следат Динамо Загреб, каде член е Аријан Адеми, а во младинскиот погон и Филип Антовски со 60 извезени фудбалери, а следи белградска Црвена Звезда со 59. Војводина е следна со 56 играчи, колку што има и Спарта Прага.

Интересно, Барселона со „Ла Масија“ е дури десетта со 52 играчи, колку што имаат и Бенфика и ПСВ Ајндховен.