„Во Србија ме навредуваа на расна основа“

Фудбалерот од Гана, Самуел Овусу, имал непријатна ситуација додека играл во српската лига, каде често пати бил навредуван на расна основа.

Овуси во својата кариера ги бранеше боите на Радник од Сурдулица од 2014 до 2016 година, како и на Чукарички од 2017 до 2019 година.

Бев жртва на расна злоупотреба неколку пати во текот на мојата кариера. Особено додека играв во Србија. Многу непријатно искуство. Потребна ви е ментална сила за да го надминете тоа, истакна Овусу.

Добрите игри на Овусу во тимот од Баново Брдо, исто така, обезбедија место за Гана во Африканскиот куп на нации. Тој во моментов игра во својата татковина за тимот на Ал-Феџа.