Вистинските партизановци кренаа глас: Доста е од „цигани“ на нашата трибина!

Вистинските партизановци, згрозени од хаотичните сцени на „вечното дерби“ на кое голем инцидент и тепачка од десет минути на јужната трибина кренаа глас против „раководството“ на навивачите на црно-белите, „Гробари“.

Вистинските партизановци побараа трибината да се исчисти од „цигани“ (бивши навивачи на Ц. Звезда, Делии – н.з.) и трибината да биде полна со тапани и знамиња, а не со дрога и оружје. Повеќе од една деценија водачи на партизановите Гробари се личности, кои преминале на трибината откако не успеале да се „снајдат“ на звездиниот север.

По хаосот, во кој петмина Хрвати добија 30-дневен притвор, еден е со тешки повреди на главата во болница, а медиумите секојдневно објавуваат приказни за наводни заговори со странски служби, рушење на политичката власт, вистинските гробари се обратија на партизановата јавност дека е време да се исчисти југот и тој повторно да се врати на сите тие на кои црно-белата боја им е во крвта.

„Нашите славни предци се срамат од нас и затоа имаме обврска на новите генрации да им оставиме барем можност да градат здрава навивачка трибина. Сите грешевме, сите групи, многу поединци, но мора да се обединиме и да бидеме нас сите поделби, за да им покажеме на натрапниците дека не им е местото тука, но на ненасилен начин. Мора да го исгубат легимитетот таму каде што го прикажуваат дека го имаат. Нам не е интересира да ја рушиме власта, туку сакаме семејно да доаѓаме на трибина и да ги учиме нашите деца за вистинската љубов кон Партизан, како што нас не учеа нашите татковци. Никаква политика, не наседнувајте на лагите – какви Хрвати, какви мафијаши, каков Вавиќ... Ништо не е вистина, како ни тоа со странски служби, кои не сакаме да ги споменеме. Станете браќа партизановци, не сакаме да бидеме заложници на неколку луѓе на кои местото не им е тука. Сакаме тапани и знамиња, а не дрога и оружје. Сакаме Гробари со кои стопати сме се карале, а не 'цигани' (Делии – н.з.). Сакаме да видиме деца, а не сцените од средата. Сакаме слободен југ“, се вели во проглас на загрижени партизанови навивачи.