Велкоски промаши пенал на радост на Седлоски, Сараево си ја искомпликува титулата (ВИДЕО)

Макеоднскиот репрезентативец Крсте Велкоски веќева беше трагичар во Сараево откако промаши можеби клучен пенал за титула, промашувајќи го ударот од белата точка во 95-та минута, па Широки бријег предводен од Гоце Седлоски освои бод (0-0).

Велкоски го промаши пеналот, па Сараево само со освоениот бод, а триумфот на Зрињски против Железничар вчера, сега ја врати неизвесноста за титулата зашто разликата сега е само четири бода во однос на „бордо тимот“.

Сараево имаше 11 бода предност, но со лошата серија и само едната победа во послендите четири меча го врати актуелниот првак во игра за титулата. До крајот на првенството има уште седум кола.

Сараево и Широки ќе се сретнат и во финалето на Купот на БиХ.